ВИДЕО: Хулигани брутално тепаат 18-годишно момче во Србија

Од:

Видео од бруталното претепување на матурант од српскиот град Инѓија, кое беше објавена денеска, ја вознемири јавноста во земјата во која хулиганите и насилството предизвикуваа големи проблеми во минатото.

На вознемирувачката снимка, која ја направил минувач, е забележан дел од изживувањето на трите момчиња, идентификувани како навивачи на белградскиот фудбалски клуб „Партизан“ врз 18-годишниот С.Н. Жртвата на нападот лежи неподвижна, додека еден од насилниците го шутира момчето во главата, а другиот фрла плоча од маса врз него.

По тепањето забележано на снимката, двајцата жители на Земун и еден од Стара Пазова, според полицијата, насила го внеле 18-годишното момче во нивниот автомобил „Алфа Ромео“ и продолжиле да се изживуваат со него, а се обиделе и да му изнудат пари. Тие го соблекле С.Н. гол и му ги запалиле алиштата, го тепале и му ги украле часовникот и паричникот, а му барале 2.000 евра, пишуваат медиумите, повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата уапси тројца осомничени за инцидентот, кој се случил откако поголема група навивачи на Партизан дента дошле во Инѓија од соседниот град Стара Пазова, според српското МВР, „со намера да прават проблеми“. Дел од нив предизвикале тепачка со неколку млади луѓе во угостителски објект, по што го нападнале С.Н. и го претепале, иако тој само се нашол на местото и воопшто не учествувал во тепачката. Уапсени се и неколкумина учесници во инцидентот кои се од Инѓија, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски