Во НУЦК „Антон Панов“ концерт вечерва ќе одржи позната македонска пијанистка, Даница Стојанова. Настапот на Стојанова е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“, а покрај неа како гости ќе настапат и младите виртуози на пијано-Бобан Мирковски, Нита Груби и Сара Кесковска.
Програмските содржини од „Струмица-град на културата 2021“ продолжуваат на 8 јули со „Вечер на еврејско-шпански песни“ со пијанистот Глигор Гелебешев и оперската певица Александра Костовска.
Истиот ден почнува Школата за кавали под менторство на Филип Ричлиев, која ќе трае до 12-ти овој месец.
До крајот на јули, организаторите планираат одржување на изложби, театарска претстава, музички настани, а на 23 јули треба да се одржи концерт на Ансамблот „Танец“.