Бајден клекна пред шефицата на кабинетот на израелскиот претседател кога слушна дека има 12 деца

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин. Тој клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца.

На изненадување на Ривлин, Бајден, кој е татко на четири деца, клекна и ја наведна главата за да изрази почит.

Моментот го фотографираше член на прес-одделот на Владата на Израел, пренесуваат израелските медиуми.

Ривлин на прошталната средба со Бајден, бидејќи неговата посета на САД беше последна на функцијата претседател на државата, рече дека Ривка Равиќ (45), кој со години му е клучен советник, покрај одговорната работа, се грижи и за толку големо домаќинство.

Таа беше со Ривлин и додека тој беше пратеник на Ликуд, министер за комуникации и претседател на Кнесетот.

Ривлин (81) следната недела ќе биде заменет од поранешниот пратеник и министер Јицак Херцог (60), син на поранешниот шеф на државата Хаим Херцог и поранешен шеф на невладината организација „Еврејска агенција за Израел“, која ги поврзуваше Евреите низ целиот свет од 1929 година.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски