Вршителот на должноста премиер на Шведска Стефан Ловен доби мандат уште еднаш да се обиде да формира нова влада, соопшти денеска претседателот на Парламентот, Андреас Норлен.
Тој рече дека ќе биде можно да се гласа за новата влада следната недела.
Претходно, кандидатот за нов премиер на Шведска, ултрадесничарот Улф Кристерсон објави дека се откажува од обидот за формирање влада по падот на левоцентристичката влада.
– Парламентарни услови за формирање нова влада на десниот центар не постојат, потврди Кристерсон на прес-конференција.
Со оглед на сегашниот парламентарен состав, се очекуваше Кристерсон да се избори да добие потребна парламентарна поддршка.
Во неговиот последен обид да придобие некои членови на Парламентот да го поддржат, Кристерсон вчера вети амбициозен пакет реформи насочен кон рурален развој, кој беше одбиен од група центристи со што ги поткопаа неговите планови за формирање влада.