Ултрадесничарот Кристерсон се откажа од формирање нова влада во Шведска

Од:

Кандидатот за нов премиер на Шведска, ултрадесничарот Улф Кристерсон, денеска објави дека се откажува од обидот за формирање влада по падот на левоцентристичката влада.

– Парламентарни услови за формирање нова влада на десниот центар не постојат, потврди Кристерсон на прес-конференција.

Со оглед на сегашниот парламентарен состав, се очекуваше Кристерсон да се избори да добие потребна парламентарна поддршка.

Во неговиот последен обид да придобие некои членови на Парламентот да го поддржат, Кристерсон вчера вети амбициозен пакет реформи насочен кон рурален развој, кој беше одбиен од група центристи со што ги поткопаа неговите планови за формирање влада.

Од Кристерсон се очекуваше да се обиде да формира нова влада откако на поранешниот премиер Стефан Ловен, социјалдемократ кој предводеше кревка левоцентристичка влада, му беше изгласан недоверба минатата недела и веднаш потоа поднесе оставка од премиерската функција.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност