Усвоен извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од годинава

Од:

Советот на Народната банка на денешната редовна седница го усвои извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2021 година. Во Извештајот се потенцира дека банкарскиот систем продолжи да работи во услови на сè уште висока неизвесност поради пандемијата, потврдувајќи ја својата подготвеност да одговори на ризиците со кои е соочен и истовремено да обезбеди натамошна кредитна поддршка за економијата.

Како што информираат од НБ, на 31.3.2021 година, стапката на адекватност на капиталот изнесуваше 16,8 проценти, што е мало подобрување во споредба со крајот на 2020 година. Според НБ, растот на сопствените средства, пред сè како резултат на реинвестираните добивки, имаше најголем придонес за зголемувањето на стапката на адекватност на капиталот.

-Во првиот квартал од 2021 година, во услови на понатамошен раст на ликвидните средства на македонскиот банкарски систем, показателите за ликвидноста се задржаа на стабилно и задоволително ниво. Следствено, поголемиот дел од показателите преку кои се следи и се оценува ликвидноста забележаа подобрување. Во однос на кредитниот ризик, во првиот квартал на 2021 година стапката на нефункционални кредити има минимално зголемување и изнесува 3,5 отсто. Оваа промена главно е одраз на кредитите на домаќинствата, додека нефункционалните корпоративни кредити останаа речиси непроменети. Покриеноста на нефункционалните кредити со исправка на вредноста е на ниво од 69,7 отсто, коешто останува солидно, посочуваат од централната банка.

Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем продолжува со профитабилно работење, што, според НБ, е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно за нивната стабилност и отпорност.

На седницата, Советот ја разгледа и годишната информација за плаќањата во 2020 година. Податоците презентирани во Информацијата потврдуваат дека појавата на пандемијата ги забрза процесите на дигитализација на плаќањата.

-Каналите за дигитално извршување на плаќањата во 2020 година станаа сè позначајни, а особено електронското иницирање на кредитните трансфери и користењето на електронската трговија. Вкупниот број плаќања извршени во 2020 година забележа годишен раст од 10,2 отсто, при зголемување од 15,6 отсто на бројот на плаќањата извршени со платежни картички. Од друга страна, бројот на кредитни трансфери се намали на годишна основа за 3,6 проценти. Ваквите движења придонесоа за натамошен раст на учеството на платежните картички (6,2 п.п.), коешто достигна 56,2 отсто во вкупните плаќања, велат од НБ.

Под влијание на корона-кризата, додаваат, во 2020 година граѓаните сè почесто гo користеле електронското банкарство за вршење на плаќањата, што придонесува кон значителен годишен раст на бројот на електронски иницираните кредитни трансфери од 31,3 проценти, во услови на значително годишно намалување на бројот на кредитни трансфери иницирани на хартија од 17,8 отсто.

Според платежната статистика, во 2020 година е забележан постојан раст на плаќањата со платежни картички за купување производи и услуги.

-Растот на плаќањата во трговијата со платежни картички издадени од домашни издавачи на уреди лоцирани во земјата во 2020 година беше силен и изнесуваше 25,9 отсто. Притоа, раст од 21 проценти е забележан кај бројот на трансакции на физичките места на продажба, но впечатлив годишен раст од 2,2 пати е забележан кај плаќањата со картички на интернет, прецизираат од НБ и додаваат дека во рамки на седницата, Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски