Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, по поразот од Феникс (103:130) и губење на финалето на Западот со 2-4 од Феникс санс, се пожали на отсуството на лидерот на тимот Каваи Ленард.
Ленард целосно ја пропушти серијата поради повреда на коленото.
– Ако Каваи играше, тоа ќе беше друга песна. Зборуваме за еден од најдобрите играчи во лигата. И без него бевме блиску до пласман во следната рунда. Постојат многу различни „што ако“, но главниот резултат е што не успеавме да ја постигнеме целта, изјави Џорџ.
Тој на натпреварот рано утрово постигна 21 поен и девет скока.