Приведен 20-годишник кај кого се најдени кокаин и марихуана

Од:

Дваесетгодишник од Тетово е приведен откако полицајците му нашле кокаин и марихуана дома при претрес утринава. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени му се 5 пакувања кокаин, 1 пакување марихуана и 1 дигитална вага.

-Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 9 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути извршиле претрес во домот и помошните простории на 20-годишниот тетовец Ф.М. на улица „146“ во Тетово. Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци“ и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари