Голем број антивладини демонстранти се собраа на плоштадот Тахир во Каиро, пред зградата на Претседателството на Египет и Министерството за одбрана.
Протести се организирани и во другите египетски градови. Протестите се во организација на движењата Национален либерален фронт (УКЦ) и Тамерод (Востание) и имаат за цел да го принудат претседателот Мохамед Морси да поднесе оставка и да се распишат предвремени избори.
Демонстрантие носат транспаренти против Морси и политичкото движење Муслиманско братство.
Народните комитети, формирани од организациските групи на денешните протести на влезовите од плоштадот вршат контрола да не дојде до мешање меѓу демонстрантите и провокаторите.
Исто така проверуваат дали демонстрантите носат оружје. Во каирското предградие Мединетун-Наср се собраа приврзаниците на Морси.