Сега имаме и Национална програма која ќе нѐ насочува кон ЕУ

Од:

Владата на денешната 83-та седница ја разгледа и усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2021-2025 и го задолжи Секретаријатот за европски прашања да ја достави до Собранието, најдоцна до 5 јули 2021 година, а до Европската комисија најдоцна до 31 јули 2021 година.

Националната програма за усвојување на правото на ЕУ е еден од стратешките и програмските документи на Северна Македонија за насочување на процесот на европска интеграција, и ги дефинира приоритетите, стратегиите, динамиката и потребните ресурси за усогласување на националното законодавство со европското право, како и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури.

Клучната цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија до членство на земјава во Европската Унија, рефлектирајќи ја со тоа политичката заложба и одлучност за длабоки реформи.

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски