(ВИДЕО) Заев: СДСМ е силата што ќе ја извлече Македонија од општествената хаварија

Од:

Новите статутарни измении отворење на СДСМ за граѓаните од сите слоеви, возрасти и етнички заедници, е сублиматот од 15 Конгрес на СДСМ.

Претседателот на партијата, Зоран Заев од Конгресот порача дека партијата не се согласува со ваква Македонија, која не е фер, не е демократска ниту правична земја, и ги повика сите што се согласуваат со ваквиот став да се приклучат.

Тој ги нарече авангардни статутарните промени во СДСМ, и први од ваков вид во Југоисточна Европа. Со нив, се зголемува учеството на младите во сите партиски органи од 20 на 30 проценти, а учеството на жените се зголемува од 30 на 40 проценти.

-Промените во градската организација ќе резултираат со победа на СДСМ на следните локални избори, но и на парламентарните избори. Начинот на новото организирање на општинските тела ќе донесе одговорност кон партиското работење, отстранување на внатрепартиските поделби и антагонизми, рече Заев.

kongress02

Според него, од сега ќе се знае каде е одговорноста на еден неуспех, но и кој ќе ги понесе ловориките за одреден успех.

Како новина на денешниот Конгрес на СДСМ е што месните организации се враќаат на ниво на координативни тела, како и проширување на Централниот Одбор со членови од руралните средини каде според оценката на Заев дека партијата стои слабо. На Радмила Шеќеринска и избрана да ја врши новата функцијата во СДСМ – заменик претседател на партијата.

kongressd01

Клубот на жени се преименува во Форум на жени, а новина со изменетиот Статус се и партиските организации надвор од РМ.

-Огромното мнозинство не може да ја поднесе оваа општествена хаварија предизвикана од ВМРО-ДПМНЕ која резултира со разорена демократија, згазени институции, поданичко судство , угушени медиуми. Без никаква причина, зад решетки скапуваат новинари со нарушено здравје, Македонија по примерот на режимските општества е земја на политички затвореници, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Државата неконтролирано тоне во долгови, народот мизерува во сиромаштија, а се богати единствено семејната и партиска олигархија на ВМРО-ДПМНЕ.

kongresse 03

–  Деновиве колапсот на Македонија под водство на Груевски, беше меѓународно верификуван. Власта го доживеа најголемиот пораз на политиките на квазипатриотизам и евроскпетицизам. Македонија благодарение на концептот на премиерот не е ни вредна за спомнување од европските авторитети. За дебаклот, Груевски дрско и безобразно ги обвинува сите -опозицијата, домашните предавници, меѓународната заедница. Цел свет е виновен, само тој не е.

Според Заев 270.000 млади веќе ја напуштиле Македонија, тие што останаа се гушат во долгови.

-Ние сме силата што мора да ги оневозможи ветата што Груевски и ги наметна на Македонија. Да бидеме на јасно-СДСМ нема да дозволи прав да падне врз нашиот национален идентитет, нашиот национален јазик и нашата национална посебност. Ние ќе ја вратиме Македонија на правиот колосек, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он