Работници надничари од соседството и понатаму во судир со законот поради нелегален престој

Од:

Ковид кризата не ја спречи појавата на луѓе од соседните земји да доаѓаат во тетовскиот регион од април до октомври кои во руралните области наоѓаат работа во градежништво или земјоделие. Од друга страна, најчесто тие доаѓаат без да го регулираат престојот и се соочуваат со законски последици. Според евиденцијата на СВР Тетово во изминатите пет месеци законски биле санкционирани 21 странски државјанин, од кои 15 од Република Албанија, пет од Република Косово и еден од Република Србија.

Против нив изготвени се соодветни поднесоци и депортирани се во матичните земји.

-Секторот за внатрешни работи Тетово, покрај другото, континуирано презема мерки за откривање и санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето. Станува збор за таканаречени економски емигранти, најчесто од соседството, кои најмногу од април до октомври извршуваат градежни или земјоделски работи, претежно во селата, изјави порпаролот Марјан Јосифоски.

Минатата 2020 година вкупниот број на странски државјани „илегалци“ со непријавен престој или незаконско вработување изнесувал 92.

-Повторно најмногу 60 се од Република Албанија, 16 од Косово и од уште неколку други земји (Иран, Бангладеш, Пакистан, Сирија и Мароко), но тие само транзитирале низ подрачјето. Странските државјани се на различна возраст, од 17 до 55 години, а минатите години некои од нив неретко се сомничеа и за инволвираност во криминални активности, пред сѐ во кражби и тешки кражби, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР