Русија обвинета во извештај на ОН за злоупотреби на нивен персонал во Централноафриканската Република

Од:

Руски инструктори во Централноафриканската Република, заедно со армијата на оваа земја, го прекршиле меѓународното хуманитарно право, објавено е во годишниот извештај на експертите на ОН, додека руските власти наведуваат дека нивните инструктори не се вооружени и не учествуваат во борби.

Извештајот на експертите задолжени за контролира на ембаргото за вооружување во ЦАР, воведено во 2013 година, ги потврдува сомневањата за активната улога на руските инструктори, за кои се смета дека се платеници на руската приватна групација „Вагнер“, блиска до рускиот претседател Владимир Путин.

Во последните неколку месеци имало неколку инциденти меѓу членови на мисијата на ОН и овие платеници. Се тврди дека овие платеници ги ограбувале сините шлемови и ги уништувале нивните возила.

Во извештајот се наведува дека овие „инструктори“ се поранешни припадници на руската армија, кои дејствуваат со поддршка на платеници од Сирија и Либија.

Дејствија за кршење на меѓународното хуманитарно право вклучуваат случајни убиства и разни грабежи, пред се, грабежи на хуманитарни организации.

Кремљ веднаш ги демантираше ваквите обвинувања, тврдејќи дека станува збор за руски воени советници кои не можат да учествуваат во такви дела.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот