Белорусија соопшти дека го прекинува своето учество во Источното партнерство на ЕУ, кое има за цел да ги приближи Европејците и поранешните советски републики, во знак на протест против воведените санкции кон Минск.
„Не можеме да ги исполниме нашите обврски од овој договор во контекст на санкциите и ограничувањата наметнати од ЕУ“, се вели во соопштението на белоруското Министерство за надворешни работи. Во него се додава дека почнато е со „спроведување на суспензијата“.
Европејците ги засилија санкциите против Минск во врска со репресиите на големите протести предизвикани од реизборот на претседателот Александар Лукашенко во август 2020 година, како и поради приземјувањето на авион во Минск, за да се уапси опозиционерот Роман Петрашевич.