Шведскиот премиер Стефан Ловен денеска ја соопшти својата оставка на функцијата, една недела откако му беше изгласана недоверба во парламентот.
Гласањето недоверба беше ставено на дневен ред откако партијата Левица ја повлече поддршката за малцинската влада на Ловен поради судир околу предложените реформи на шведскиот пазар за рентирање. Ова беше првпат еден шведски премиер да ја изгуби власта прелку изгласување недоверба.
Социјалдемократот Ловен, на денешната прес-конференција кажа дека одлучил да не закажува нови избори поради пандемијата со коронавирусот, пренесе ДПА.
Следните општи избори се закажани за септември 2022 година.