Серена Вилијамс стигна до 600. победа во кариерата

Од:

Најдобрата светска тенисерка во моментов, Американката Серена Вилијамс синоќа на Грен Слемот „Вимблдон“ против Кимико Дате-Крум ја забележа јубилејната победа број 600, во својата богата кариера.

Со оваа победа Вилијамс обезбеди пласман во осминафиналната фаза на неофицијалното Светско првенство.

И покрај солидната игра во првиот сет Кимико освои само два гема, а во вториот Вилијамс го доби со 6:0 и не и дозволи на 42-годишната Јапонка да се надева на успех.

Во следниот меч Вилијамс ќе игра против Сабине Лисицки која беше подобра од Саманта Стосур.

Осминафиналистки на „Вимблдон“ се и Слоан Стивенс и Агњешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ