Американската влада објави долгоочекуван извештај за НЛО во кој се наведува дека аналитичарите за одбрана и разузнавање немаат доволно податоци за да го утврдат потеклото на мистериозните летечки објекти што ги виделе воени пилоти.
Извештајот, што беше доставен до Конгресот и објавен во јавноста, вклучува видени 144 објекти што владата официјално ги нарече „неидентификувани воздушни феномени“ и кои датираат од 2004 година, јави ДПА.
Извештајот заклучува дека тие феномени секако ја загрозуваат безбедноста на лет и може да претставуваат предизвик за националната безбедност на САД, додавајќи дека „веројатно не може да се има само едно објаснување за тие појави“.