Од денеска почнуваат концертите „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Концертите ќе се одржуваат во следните три дена, а се дел од научно-истражувачки проект на Факултетот за музичка уметност – Скопје, поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Два од концертите ќе се одржат на терасата на Музејот на македонската борба, а еден во фоајето на Националната опера и балет.
На програмата ќе бидат дела од светската музичка литература, а ќе ги изведат студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска- Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова-Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска-Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска-Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов и м-р Димче Белчовски.
Концертите почнуваат во 19 часот, а влезот е слободен.
Организаторите најавуваат дека трите концерти ќе се одржат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.