Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Од:

Македонските претставници во европските фудбалски купови ќе имаат поддршка од своите навивачи на натпреварите на домашен терен на стартот од квалификациите во Лигата на шампиони и Конференциската лига, откако локалните власти и УЕФА дадоа зелено светло да биде исполнета арената „Тодор Проески“ во Скопје до 30 отсто од вкупниот капацитет од 36.400 седишта.

Од македонските екипи прва на европската сцена ќе настапи Шкендија, која на 6 јули од 20 часот на Арената во Скопје ќе биде домаќин на словенечка Мура во рамки на 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Два дена подоцна, на истиот стадион, поддршка до 11.000 гледачи ќе може да има и вицешампионот Шкупи на натпреварот од 20 часот против Љапи од Косово, на стартот од квалификациите во УЕФА Конференциската лига.

Екипата на Струга на 15 јули од 20 часот на арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин во реваншот против латвиската екипа Лепаја.

Третиот македонски претставник во Конференциската лига, освојувачот на националниот куп Силекс, ќе биде домаќин во првиот натпревар против молдавски Петрохуб на 8 јули на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје од 16 часот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ