Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во интервјуза германското списание „Фокус“ изјави дека во случајот со процесот за членство на неговата земја во ЕУ очекува поддршка од Германија, бидејќи двете земји имаат посебен однос.
Тој нагласи дека членството на Турција во ЕУ и понатаму претставува стратешки приоритет на земјата.
Оценувајќи ги преговорите на Турција со ЕУ, Давутоглу истакна дека тоа е „пат од кој нема враќање“.
Зборувајќи за настаните во Турција поврзани со паркот Гези, министерот додаде дека она што се случило укажува на присуство на здрава демократија во државата.
– Турската демократија не е второкласна, изјави Давутоглу, додавајќи дека во оваа земја, со цел да се решат проблемите преку дијалог, на располагање се сите потребни механизми, како и присуството на владеењето на правото.