Трагедија: Загинаа 6 лица во експлозија на автомобили

Од:

Шест лица ги загубија животите во  сообраќајната несреќа што се случи попладнево на патот Куманово-Крива Паланка, потврди портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска.

Во несреќата кај кумановско Смилчинци настрада едно семејство од Скопје. Во автомобил марка „бмв“ со скопски регистерски таблички животот го загубија маж, жена и две деца (четиригодишно и шестгодишно дете). Телата на жената и дечињата биле целосно изгорени.

Во вториот автомобил „пасат“ со кумановски таблички животот го загубија две возрасни лица.

Николовска информира дека несреќата се случила во 16:45 часот. По директниот судир возилата „бмв“ и „пасат“ се запалиле, а потоа експлодирале.

Засега се непознати причините поради кои дошло до стравичниот судир.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајката, а екипа на судска медицина ги идентификува телата на починатите.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка