СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултат, раст на просечната плата од 10 отсто

Од:

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано спроведуваат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој.Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори велат во соопштение од СДСМ.

– Официјалните податоци говорат дека просечната плата за месец април 2021 година изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година. Во услови на светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку продолжија да растат. Како владејачка партија нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат стои во соопштението од СДСМ.

.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов