Организаторите на петицијата за оставка на Морси собрале над 22 милиони потписи

Од:

Организаторите на кампањата „Тамарод“ (арапски – „востание“), со која се бара оставка на египетскиот исламистички претседател Мохамед Морси, соопштија дека со петицијата собрале над 22 милиони потписи.

– Собравме 22 134 465 потписи со петицијата, изјави портпаролот на „Тамарод“ Махмуд Бадр на прес-конференција пред утрешните протести пред претседателската резиденција со барање за оставка на шефот на државата. Во претходното соопштение беше наведено дека се собрани 15 милиони потписи.

Бадр не објасни дали имало независна проверка на потписите, чија автентичност се оспорува од приврзаниците на Морси.

Со население од над 80 милиони Египќани, денеска објавената бројка е повисока од оние кои гласале за Морси – 13,23 милиони граѓани или 51,7 отсто од гласачите во вториот круг од претседателските избори во јуни минатата година.

Поддржувачите на Морси истакнуваат дека оваа петиција нема уставна вредност и само на избори може да се одлучи дали некој претседател ќе остане или ќе си замине од функцијата.

Морси неодамна изјави дека планира да остане на функцијата до истекувањето на својот мандат во јуни 2016 година.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски