ВИДЕО: Министерот Спасовски им оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово

Од:

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претседателката на Одборот за подигање на спомен обележје, претставници од Владата на Република Северна Македонија, претставници од Одделот за специјални полициски операции и семејствата на бранителите присуствуваа на откривањето на спомен обележје во чест на четворицата македонски бранители од Берово кои ги положија своите животи во конфликтот од 2001 година: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски и положија цвеќе во знак на сеќавање и почит кон нив.

„Денешниов чин претставува една благородна идеја на локалната власт, на беровци, која што доживеа своја реализација, и преку која сакаме сите ние уште еднаш да им се поклониме и да го овековечиме споменот за нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашава земја. Впрочем, нашата држава е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, патриоти, наши браќа, синови, сопрузи, татковци, другари… Не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава. Всушност, сето она што сме го имале и го имаме им го должиме на нашите херои“, рече во своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.

„Неизбришлив е споменот на тие наши великани кои со своето највеличествено дело и залог – сопствениот живот – оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Наша должност и аманет пред нив е, да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство за што сме им вечно благодарни. Нека им е вечна слава!“, го заврши своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он