Минситерот Беџети бара јавно извинување од пратеникот Фазлиу

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети најави дека ќе поднесе пријава за клевета и навреда против пратеникот на ДПА Беким Фазлиу доколку тој во наредните три дена не искаже јавно извинување за обвинувањата дека поседувал и разделувал наркотични средства во дискотека.

– И покрај мојата слаба волја да се занимавам со ова лице кое не заслужува некој да го губи своето време со него, барам од пратеникот Беким Фазлиу во текот на следните три дена да искаже јавно извинување.

– Во спротивно, овие омаложувања и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежен суд, бидејќи против него ќе биде поднесена пријава за клевета и навреда. Исто така, сакам да ја известам јавноста дека средствата од оваа клевета ќе бидат наменети за хуманитарни цели, наведува министерот во писмената изјава.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on