Властите на Словачка преговараат со Иран за апсење на неколку свои државјани кои претстојуваат во државата, а кои Техеран ги обвини за шпионажа.
Во обвинението стои дека во текот на параглајдинг фотографирале воени објекти, соопшти официјална Братислава.
-Нашите дипломати во Техеран се во контакт со приведените граѓани и иранските власти, рече за „Франс прес“ портпаролот на шефот на словачката дипломатија, Борис Гандел.
Според словачкиот медиум „СМЕ“, иранските власти пред повеќе од три недели привеле шест словачки државјани, бидејќи од воздух фотографирале воени објекти.
Минатата година, беше уапсен еден словачки државјанин под обвинение дека ја шпионирал американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).
Eлена Георгиевска