ВИДЕО: Инцидент невиден на тениските терени – Русинката Касаткина си пушти крв самата на себе

Од:

Неверојатна, досега веројатно невидена ситуација на тениските терени, се случи на вчерашното финале на турнирот на тревната подлога во Бирмингем, Велика Британија, каде силите ги одмерија Русинката Дарија Касаткина и Онс Жабер од Тунис.

Во еден момент, фрустрирана поради грешката што ја направи, Касаткина реагираше гневно и самата на себе си нанесе повреда, која беше толку сериозна, што мораше да бара медицински тајмаут и да интервенира лекар.

На снимката се гледа како Русинката си го фаќа вратот со десната рака и прави силен и брз потег со раката, по што веднаш провери дали крвави, а гледачите дури подоцна можеа да видат колку сериозни се гребнатините на нејзиниот врат.

Нервозата и инцидентот очигледно не влијаеја мотивирачки врз Русинката, која на крајот го загуби финалето – Жабер ја освои титулата откако славеше со 2:0 (7:5, 6:4).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ