За пет часа казнети 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа од 22 часот до 3 часот спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 176 возачи.

Од МВР информираат дека тие возачи веднаш се исклучени од сообраќај и изречени им се соодветни санкции.

-Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-44, СВР Битола-24, СВР Штип-18, СВР Охрид-17…Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он