Американскиот претседател Барак Обама синоќа пристигна во Јужна Африка, втора од трите држави кои ќе ги посети за време на африканската турнеја.
Обама во Преторија пристигна заедно со сопругата Мишел и двете ќерки, а на аеродромот беше пречекан од високи политички претставници на Јужна Африка.
За време на посетата Обама ќе се сретне со јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, а ќе го посети и Совето, местотот од каде почна борбата против апартхејдот. Тој ќе го посети и островот Робен, каде Нелсон Мандела помина поголем дел од заточеништвото долго 27 години.
Обама по Јужна Африка турнејата ја завршува со посета на Танзанија.