Американски државјанин загина за време на протестите во Александрија

Од:

Еден човек загина, а 70 се повредени во судирите меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси во Александрија.

Загинатиот е државјанин на САД.

– Мажот починал од убод на нож во пределот на градите, изјави генерал Емин Езедин, додавајќи дека жртвата снимал со мобилен телефон во близина на канцеларијата на Муслиманско братство, кога бил нападнат од демонстрантите.

Американецот бил одведен во воената болница, каде и починал.

Во денешните судири меѓумеѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси во Александрија повредени се 70 луѓе.

Претходно, во слични судири во градот Масура загина едно лица. Во Мансура изминатите денови во судирите загинаа уште две лица.

Илјадници антивладини демонстранти денеска се собраа на плоштадот Тахир во Каиро, додека приврзаниците на Морси организираат собир на другиот крај на главниот град на Египет.

Египетскиот религиозен институт „Ал Азнар“ предупреди дека во Египет има опасност од граѓанска војна и апелира за смирување на ситуацијата пред најавениот масовен протест в недела, на која ќе се бара оставка од претсеателот. Протестот треба да се одржи во реонот на претседателската палата во Каиро и се очекува да учествуваат околу еден милион луѓе.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина