Сообраќајот се одвива тековно по суви коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно по суви коловози.

Поради изведување градежни работи на пат на патниот правец Прилеп-Градско (Р106), еден километар пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри.Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот. АМСМ ги предупредува возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот.

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село во тек е реконструкцуја на мост, На овој дел сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, регулиран со семафори.

На патниот правец Маврово-Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот / Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска