Генералното собрание на ОН го именуваше денеска актуелниот генерален секретар на светската организација Антонио Гутереш за втор петтогодишен мандат.
Новиот мандат на Гутереш почнува од 1 јануари 2022 година.
Советот за безбедност на ОН на 8 јуни го поддржа Гутереш за втор мандат на оваа функција, со што му препорача на Генералното собрание, кое има 193 членови, да го именува за уште пет години.