ОН: Бројот на присилно раселени лица во светот достигна историски максимум

Од:

И покрај пандемијата, бројот на луѓе кои бегаат од војни, прогонства и злоупотреби достигна рекордни 82,4 милиони, двојно повеќе од пред десет години, според податоците на ОН.

Во годишниот извештај на Агенцијата за бегалци на ОН објавен денеска, се нагласува дека бројот на бегалци, внатрешно раселени лица е 82,4 милиони лани.

„Тоа е повеќе од двојно пред една деценија (41 милион во 2010 година) и четири отсто повеќе отколку во 2019 година кога имало 79,5 милиони“, се наведува во извештајот.

Само минатата година имало околу 11,2 милиони новораселени лица, се забележува во извештајот.

Ограничувањата за патување и затворањето на границите значеа релативно мал број луѓе (251.000) кои беа во можност да се преселат на друго место или да се вратат во своите матични земји.

„Ова е трета најниска бројка во изминатата деценија и продолжува со трендот на опаѓање од претходните две години“, се забележува во извештајот. Од нив околу 34.400 биле преселени бегалци, во споредба со 107.800 во 2019 година.

Турција останува најголема земја домаќин на бегалците, со нешто помалку од четири милиони, главно Сиријци.

Колумбија е втора со над 1,7 милиони, следува од Пакистан (1,4 милиони), Уганда (1,4 милиони) и Германија (1,2 милиони).

„На крајот на минатата година, над 235 милиони луѓе имаа потреба од хуманитарна помош и заштита“, нагласува Антонио Виторино од Органзиацијата за миграција (ИОМ).

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ