Кавга во СДСМ во Охрид

Од:

Внатрепартиска кавга избила помеѓу охридските социјалдемократи, откако секретарот на општинската организација Ѓоко Танаскоски пред два дена се заканил дека ќе поднесе оставка од оваа фуннција што според партиски извори од СДСМ тоа не му било прв пат.

Случувањата во СДСМ Охрид, стигнале и до лидерот Бранко Црвенковски. Како што дознава А1, вчера и денеска на рапорт во централата во Скопје биле неколку видни членови , кои се дел и од највисокото партиско раководство во Охрид.

На вчерашната седница на општинскиот комитет не се појавил ниту градоначалникот Петрески, а не дошле и други членови кои се дел од раководството. Кои се причините за новонастанатата состојба која тлееела подолго време, а дури сега добива ваков епилог никој не сака да коментира, иако се шпекулира дека причина е внатре партиската битка за тоа кој да биде кандидат за градоначалник на СДСМ во Охрид по наводна анкета направена со цел да се опипа пулсот за довербата на одредени личности.

Тоа е доволен показател дека партијата во Охрид функционира на стаклени нозе велат нашите извори. Според нив најголеми шанси му се даваат на актуелниот градоначалник Петрески кој имал подршка од т.н бизнис крилото, кое инсистирало тој да биде кандидат пред се поради не реализирани, а ветени проекти. Во игра е и поранешниот претседател на Советот на општината Владо Чингоски инаку актуелен советник на Петрески кој според партиски извори имал подршка од одредени групации во градот. Апетити за кандидатура имал и претседателот на Општинскиот комитет Науме Јовановски но на него не му се даваат големи шанси да влезе во градоначалничката трка како и секретарот Танаскоски кој исто така претендирал за оваа позиција. Како што А1 објави неодамна, одлуката за Охрид ќе се носи дури наесен по консултацијата со коалициските партнери , тоа го потврдија и од останатите партии кои се во коалиција со СДСМ.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски