Возачот на автобусот, кој на 23 јуни падна во провалија, при што загинаа 18 романски туристи, возел двојно повеќе од дозволената брзина, објави денеска црногорскиот весник „Вијести“.
Тоа е двојно поголема брзина од дозволената на тој дел од патот меѓу Колашин и Подгорица. Во сообраќајната несреќа беа повредени 29 патници.
Во автобусот имало два возачи, од кои едниот загина, но се уште не е утврдено кој од нив двајцата возел кога се случи сообраќајната несреќа.