Филипче: ЕУ ни олеснува поради подобрената ковид-ситуација, но пандемијата сѐ уште не е завршена

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на македонските државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата, но предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита.

– Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сè уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сè уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита, напиша министерот Филипче на „Фејсбук“.

Изјавата на министерот доаѓа по денешната одлука на амбасадорите на ЕУ да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за државјаните на неколку земји, меѓу кои и за Северна Македонија, Одлуката треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи на сила, најверојатно во петок.

Европската унија треба постепено да ги олесни корона-ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки.

Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, С.Македонија, Србија и Тајван ќе влегуваат полесно во Унијата, соопшти португалското претседателство со ЕУ во изјава за германската агенција ДПА.

Би можело да ве интересира

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски