Русија тврди дека „Спутник В“ е поефикасна протв делта сојот коронавирус од другите вакцини

Од:

Вакцината „Спутник В“ е поефикасна против делта варијантата или т.н индиски сој коронавирус, од која било друга вакцина што покажала резултати за тој вид, објави рускиот инвестициски фонд.

Кон крајот на април, шефот на Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината, Александар Гинтсбург, рече дека „Спутник В“ произведува доволно антитела за борба против индискиот вид на коронавирус.

Русија беше прва во светот што регистрираше вакцина против коронавирус на 11. август минатата година.

Вакцината „Спутник В“ досега е одобрена во 60 земји.

Во февруари, медицинското списание „Лансет“ објави студија која покажува дека руската вакцина има 90 проценти ефикасност против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Австралија одобри влез со вакцината Спутник V

Ана Ололовска

Кремљ е уверен дека СЗО во следните месеци ќе ја признае вакцината Спутник

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

Ана Ололовска

Сијарто: Руската вакцина е најдобра, тоа го признаваат и западните експерти, но за тоа молчат

Ана Ололовска