Генерален штрајк на синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција

Од:

Генерален 24-часовен штрајк започна утрово Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција поради новиот закон за. работни односи, што денеска ќе се гласа во грчкиот Парламент, а паралелно закажани се и протести.

Грчките синдикати, минатата седмица одржаа масовни демонстрации, а денешниот 24-часовен штрајк на Синдикатот на јавниот сектор и неколкучасовниот прекин со работа на Синдикатот на вработените во приватниот сектор е поради гласањето на законот.

За непречено да се одржат испитите од државната матура, од штрајкот ќе бидат исклучени професорите, а вработените во јавниот превоз во Атина ќе учествуваат со неколкучасовен прекин на работата, откако нивниот 24-часовен штрајк, атинскиот суд го прогласи за незаконски.

Новинарите и вработените во медиумите имаат четиричасовен прекин на работата од 14 до 18 часот.

Иако ставот на Владата е дека новиот закон за работни односи предвидува одредби кои се во корист на вработените, сепак освен синдикатите, против се и сите опозициски партии.

Портпаролот на СИРИЗА Насос Илиопулос на брифингот со странските дописници во Грција истакна дека тие, кога ќе дојдат на власт, веднаш ќе го поништат конкретниот закон.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната