ЛДП: За шлаканицата од Брисел виновна е единствено Владата

Од:

ЛДП укажува дека македонското јавно мислење почнува да стравува од егзотичните роуд шоуа на премиерот Груевски. Велат, штом е вон државата, значи дека следуваат непријатни вести за Македонија.

Алармот и црвените светла од Брисе, вели Нано Ружин,  се запалија иако уште од поодамна беше јасно дека Македонија ке го доживее своето најголемо фијаско и назадување во европската агенда за членство во Унијата.

Либерално-демократската партија во изминатиот период стравуваше и укажуваше на грешките на Владата кои ја одалечуваа Македонија од Европската унија и и НАТО. Тоа што оваа Влада не успева да се избори веке пет години, вели, Србија го одработи за три месеци и доби датум за отпочнување на преговорите.

За прв пат во 21-от век, Македонија исчезна од мапата на Европската унија. Република македонија не се најде ниту на дневниот ред а не беше спомената ниту во заклучоците на Самиот.не се констатира ниту одлагање, ниту навраќање .ниту пријателско тапкање по рамо ,нема ниту критики , па дури ниту онаа прозаична референца ФИРОМ.Едноставно, констатира Ружин,  повеке ја нема Македонија во Европа.Таа е избришана како да не постои. ризикуваме да го загубиме и кандидатскиот статус.

„Кривецот за таквата состојба не треба да се бара во соседството туку во самата држава и во нашата анемична власт.И на владините коалициони партнери им е јасно што се случува со Македонија. Владата на Груевски не го почитуваше член 49 од Римскиот договор кој се однесува на развој на демократијата, медиумите, владеење на правото, почитување на поделбата на власта и на достоинството на пратениците кои насилно беа исфрлени од страна на полицијата од парламентот.

– Нема почит и за легално избраниот градоначалник на општина Центар врз кого се врши постојан притисок со секојдневни инспекции и огромни финансиски казни,организирани протести и агресии. Утринава бевме известени од брисел дека ЕУ ке побара посебно да се следи однесувањето на власта кон општина Центар. ЕУ не толерира кршење на правата на локалната управа.Овој чин е сличен на оној од 24 декември но со поинакви методи“, рече Ружин.

Европа не заобиколи. тоа беше одговорот на Брисел кон Владата која, вели Ружин,  е авторитарна, популистичка и неспособна. за жал, констатира, ЕУ  ги казни и граѓаните на РМ.

„Брисел се сомнева во искрените намери на оваа влада дека навистина посакува членство во Европската унија.Повеке нема наивни во ЕУ и не е можно продолжување на манипулацијата во стилот “едно ветувам-друго правам”.тоа е можно во Македонија, но не и во Европа.

– Затоа бараме одговорност и аргументирано објаснување а не фразеологија од страна на Владата која е единствено одговорна за оваа европска шлаканица.Господине Груевски им должите јасно и транспарентно објаснување на граѓаните на Македонија за ова историско фијаско. ЛДП не се помирува со бришењето на Македонија од агендата на ЕУ. Постои и една друга Македонија. ние сме попргаматична , похрабра, проевропска и подостоинствена Македонија. Му порачуваме на Брисел дека местото на РМ е во Европската унија. за ЛДП не постојат други алтернативи освен  ЕУ и НАТО“, рече Ружин.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ