На отворена сцена на покривот на ГТЦ, три вечери по ред се играа претстави во рамки на „Театарски викенд на отворено“

Од:

По долгомесечната театарска тишина, изминатиов викенд во Скопје одекна културен настан што ги израдува љубителите на театарот.

Во срцето на градот, на отворена сцена на покривот на ГТЦ, три вечери по ред се играа претстави во рамки на „Театарски викенд на отворено“, уникатен настан организиран од Театар Комедија и Градски трговски центар.

И покрај променливите временски услови што ги имавме деновиве, токму во вечерните часови дождот изостана, па во прекрасната атмосфера под отворено небо се одиграа „Вечера за глупаци“ (11 јуни, петок), „На отворено“ (12 јуни, сабота) и „Чао пријатно“ (13 јуни, недела), со почеток во 21 часот.

Сите изведби беа проследени со смеа и аплаузи, а актерите беа поздравени со бројни овации од задоволната публика.

Овој настан покажа колку им фалела комедијата на скопјани и колкаво значење има театарската култура во секојдневниот наш живот. Се надеваме дека во текот на летото ќе имаме и други вакви прилики за театар на отворено, дури го чекаме нормализирањето на условите и за посета на театрите.

Им благодариме на актерите на Театар Комедија што изведоа дел од нивните познати комедии на отворена сцена и што разнесоа смеа во центарот на градот.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“