Двојка по географија за Груевски, Израел не е во Европа

Од:

Каква оценка по географија имаше премиерот Никола Груевски. Судејќи според денешното интервју за „Дневник“, оценката била слаба, бидејќи Груевски не се прослави со познавање на тоа кои земји се во европскиот континент.

Пропуст или навистина незнаење, но Израел не се наоѓа во Европа, како што вели премиерот. Еве го делот во интервјуто:

 „Има уште еден (предизвик н.з.) што е најмалку на исто рамниште со овој и по важност и по тежина за решавање. А тоа е демографскиот предизвик. За него помалку се говори, помалку се пишува, а е ужасно суров и тешко решлив. Точно е дека цела Европасо исклучок на Ирска, Полска и на Израел, го има овој проблем, но кај нас, во една мултиетничка и мултиверска средина, тој проблем е многу поголем. Тој, всушност, може да донесе многу нови поголеми проблеми во иднина“  вели премиерот Груевски.

И како час по географија, барем онаа официјалната, од која учат сите, Израел е држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток.

Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на Средоземно, Црвено и Мртво море. Главен град на Израел е Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски