Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави во интервјуза германскиот весник „Велт“ дека Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган пројавува се помалку почит кон секуларниот начин на живот.
Според Шулц сето тоа ги поттикнува сомнежите во врска со европската ориентација на Владата на Ердоган.
Шулц истакна оти има впечаток дека се намалила желбата на Турција сериозно да го продолжи процесот на преговори за членство во ЕУ.
Тој изјави дека е потребно да се испрати јасна порака до премиерот Ердоган дека Турција треба да се усогласи со стандардите на ЕУ.