Приведени осум лица, растурена домашна забава во Скопје

Од:

Полициски службеници привеле осум лица, откако по добиена пријава извршиле контрола во стан на булеварот „8 Септември“, во кој биле на домашна забава, информира Министерството за внатрешни работи.

– Ноќеска (13.06.2021) во 01.28 часот по добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П.(25). При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19, соопштува МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он