Вевчанскиот „Жоржр Данден“ до солзи ги насмеа стружани

Од:

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани синоќа премиерно пред стружани ја изведе Молиеровата комедија „Жорж Данден“ на режисерот Ѓорѓи Ризески.

Струшката публика во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ имаше можност да  присуствува на вевчанска свадба, преку која актерите, Душко Кукоски, Наташа Ташкова, Јован Пешиноски, Славе Бебекоски, Даниела Маретиќ, Славе Кукоски и Стефан Попаѓиноски, успеаја до солзи да ги насмеат стружани.

Публиката во холот на Центарот за култура најпрвин беше пречекана со пијалок, а потоа традиционално добредојде им посакваа зетот и невестата. Свадбарскиот амбиент беше дополнет со традиционална народна музика.

Увертирата во претставата се одигра во холот на Центарот, каде зетот се пожали дека младата невеста го изневерува, а потоа ги повика гледачите во кино салата, каде тој упорно се обидуваше да им докаже на родителите од невестата дека таа го изневерува.

Преку ликот на Жорж Данден, младиот режисер со хумуристичен вевчански дух испраќа порака за реалниот живот, да се чуваат сите луѓе од оние кои прават маски и кои пробуваат да ја цицаат крвта од нивните џебови.

Театарската дејност е составен дел од културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани обединета во рамките на патувачкиот театар „Поклони се и падни“.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“