Приведени дилери од Скопје и Охрид, пронајден амфетамин

Од:

Двајца дилери, едниот од Скопје, другиот од Охрид се приведени, откако полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини, информира Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (12.06.2021) во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со наркотични дроги, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини, соопшти МВР.

За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски