Опозицијата во Египет отфрли предлог на Морси за дијалог за помирување

Од:

Опозициската коалиција во Египет објави синоќа дека го отфрла предлогот на претседателот исламисти Мохамед Морси да почнат дијалог за помирување.

Во изјава на Националниот фронт за спас, прочитана од лидерот Мохамед ел Барадеј се вели дека опозицијата продолжува со барањето за предвремени избори.

Во текстот се додава дека вчерашниот говор на Морси е знак за „јавната неспособност“ на претседателот да ја признае тешката состојба во државата.

Морси вчера имаше говор пред протестите закажани во државата за 30 јуни, насочени за негова оставка во кој им порача на опозиционерите да ги користат изборите, а не протести за смена на власта.

Армијата предупреди дека ќе преземе акции ако избувне насилство.

Барадеј изјави дека ништо не може да ја промени одлуката на опозицијата да излезе на 30 јуни „насекаде во Египет“.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина