(ВИДЕО) Георгиев: Караџовски ја замајува јавноста со марсовци и свемирци

Од:

„Последен од низата владини функционери кои демонстрираат целосна отуѓеност од народот, без чувство за секојдневните проблеми и растечката сиромаштија е директорот на јавното претпријатие “Македонски шуми“, Жарко Караџоски.Едно од најнеуспешните јавни претпријатија на Владата сега ќе се луксузира и со реклами“, реагира СДСМ.

„Тој несмасно ја замајува јавноста со марсовци и свемирци зад што се крие проектот за ребрендирање на претпријатието. Освен што се работи за невкусна кампања, таа покажува дека на власта не и доаѓа памет и не планира да скрати од непродуктивните трошоци за рекламирање, колку и да се тие непродуктивни и бесполезни како што е рекламираењето на “Македонски Шуми“.Караџоски наместо да се опамети по аферата од пред година, во која беше посочен за немилосрдното трошење пари на „Македонски шуми“ во кафеани и фиктивни фактури со кои директно ја злоупотребувал функцијата, тој сега ни обзнанува дека повторно ќе одлева народни пари за кампања“, изјави Гордан Георгиев.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски