Хрватскиот претседател, Иво Јосиповиќ по повод свечената прослава за влезот на Хрватска во ЕУ, во понеделник ќе приреди појадок за сите претседатели од регионот.
Како што е соопштено од кабинетот на хрватскиот претседател, тема на работниот појадок ќе биде соработката во регионот и продолжување на процесот за проширување по влезот на Хрватска во ЕУ.
Според најавите на свеченоста ќе присуствуваат македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, претседателот на Србија Томислав Николиќ, сите три члена на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Небојша Радмановиќ и Жељко Комшиќ, словенечкиот претседател Борут Пахор, косовската претседателка Атифете Јахјага како и црногорскиот и албанскиот претседател, Филип Вујановиќ и Бујар Нишани.
Елена Георгиевска