„8 Часа љубов“ – прв пијано маратон на македонската музичка сцена

Од:

Првиот пијано маратон на македонската музичка сцена насловен „8 Часа љубов“ во продукција на Пијано Центре ќе се одржи денеска со учество на 13 пијанисти.

Вратите од салонот на Пијано Центре во склоп на Национална Опера и Балет ќе бидат отворени за сите вљубеници во пијанизмот.

Како што најавуваат организаторите, настанот ќе започне во 11 часот со експозе, промоција и презентација на новите пијана во Пијано Центре, а се до 19 часот публиката ќе има можност да слушне десет концерти (полу рецитали) на 13 пијанисти.

-Првпат, промотивно на нови концертни пијана, во различни термини маратонски ќе настапат врвните пијанистички имиња: Марија Ѓошевска, динамичното трио „ТРИПТИХ“ – Марија Вршкова; Елана Атанасовска – Ивановска и Сара Пројковска; Дино Имери; пијанистичкото дуо: Емилија Маринова и Верица Шотарова; и Андреј Наунов, како и младите виртуози: Милан Дучевски, Гоце Златев, Инес Неделковска, Горјан Стојановски и Виктор Рафајловски, најавуваат од Пијано Центре.

Влезот е слободен, но ограничен според протоколите на здравствената организација.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска