Општина Чаир ги крева расипаните и скапани коли – ако не се јават газдите, самата ќе ги уништува

Од:

Општината Чаир, во соработка со Јавното општинско претпријатие “Старо Скопје“ денеска започна со отстранување на хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на територија на Општина Чаир согласно одредбите од усвоениот Правилник за регулирање на ова прашање.

Претходно беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од осум дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на јавното општинско претпријатие е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици.

Со акцијата која започна денеска, ќе се отстрани преостанатото 21 хаварисано возило, кои ќе подлежат на понатамошните процедури согласно Правилникот каде како последен чекор по истекот на 30 дена непријавување од страна на сопственикот, е предвидено уништување на возилото на посебна локација.

„Им се заблагодаруваме и на граѓаните кои по поставувањето на предупредувањата од наша страна, сами ги отстранија хаварисаните возила“, велат од чаирската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош